Голеада: Марио Илиевски и Боби Николов постигнаа три гола во победата на Кишварда (ВИДЕО)

455

Македонска доминација во составот на Кишварда на денешниот меч со Ујпешт во новото коло од унгарскиот шампионат. Марио Илиевски и Бобан Николов постигнаа три од четирите гола во победата на Кишварда на домашен терен од 4:0.

Младиот репрезентативец на Македонија, Марио Илиевски со два гола покажа дека е расен голгетер кој допрва доаѓа. Тој го отвори резултатот со еден прекрасен погодок во 34. минута, а потоа стрелаше прецизно и во 53. минута за да го зголеми водството на својата екипа и на 3:0.


 

Искусниот Боби Николов кој стартуваше од првата минута за домашните го постигна четвртиот гол за Кишварда.

 

ПретходноНов проблем за Тен Хаг: Рашфорд закачил вирус, неизвесен за дербито
СледноБорусија (Д) го губи здивот, само реми против Аугзбург (ВИДЕО)