Напаѓачот на Рома, Ромелу Лукаку на лето ќе се пресели во тим од Саудиска Арабија. Ова го тврди авторитетниот новинар Фабио Сантини. Белгиецот моментално е на позајмица на „Олимпико“ од Челзи. Клубот е задоволен со него и сака да го задржи, но се чини дека тоа нема да се случи.
„Лукаку веќе прифатил мултимилионска понуда од Саудиска Арабија. Отсега можам да им кажам на навивачите на Рома дека на крајот на сезоната едно е сигурно: Ромелу ќе си замине“, изјави Сантини.