Засега петтмина играчи кои го носеа дресот на Македонија ЃП не се веќе дел од тимот од Ѓорче. Тоа се Коста Манев, Филип Алексовски, Кристијан Стојкоски, Андреј Јаго и Ристе Темелков не се веќе “лавови“. Попладнево раководството на клубот потвдри дека се разделува со четворица, на списокот не беше Манев, но нашите информации велат дека и ќе се раздели со клубот од Ѓорче.
Ова значи дека “лавовите“ имаат намера да напарават голем „ремонт“ на тимот ако се знае дека сите петтмина беа стандардни првотимци.