Нови правила во МЛС: Играчите кои ќе бидат заменети имаат 10 секунди да го напуштат теренот!

194

Новата сезона во американската МЛС лига започнува во март следната година, а првите луѓе на натпреварувањето најавија дека ќе се обидат да обезбедат континуитет на шоуто за играчите да престанат да крадат време. „Марка“ пишува дека во новата сезона во МЛС лигата играчите кои ќе го напуштат теренот како заменети, ќе имаат најмногу 10 секунди да го направат тоа.

Доколку не го сторат тоа во рок од 10 секунди, замената ќе мора да почека дополнителна минута за да влезе на теренот и ќе се појави само за време на следниот прекин. Тоа значи дека тимот што ќе ја изврши замената ќе мора одредено време да игра со играч помалку.

Оваа промена е предвидена за да спречи многу прекини во играта. Промените ќе важат и за повредените играчи. Ако играчот со сомневање за повреда лежи на земја повеќе од 15 секунди, судијата ќе мора да ја прекине играта и да повика лекари. Тие ќе го третираат играчот надвор од теренот. Ако двајца играчи се повредени во една акција, но и двајцата можат да продолжат да играат, ќе мораат да се вратат на теренот во исто време.

ПретходноНов систем и кај дамите: Плеј-оф и плеј-аут во Супер-лигата
СледноФлури најбрза на спустот во Вал д’Изер (ВИДЕО)