Нов проблем за Тен Хаг: Рашфорд закачил вирус, неизвесен за дербито

238

Проблемите со повредени и недостапни фудбалери за Ерик Тен Хаг пред утрешното гостување кај Ливерпул никако да завршат. Последните вести велат дека сега Маркус Рашфорд е под прашалник за утрешниот натпревар.

Напаѓачот го пропушти дуелот со Баерн Минхен во Лигата на шампионите, а сега е под знак прашалник за настап и на големото дерби на „Енфилд“. Рашфорд има вирус типичен за зимските месеци од годината и не се чувствува добро.

Сè уште не е јасно дали Рашфорд ќе биде подготвен за да започне барем од клупата против „црвените“. Ерик тен Хаг денеска ќе ги извади своите играчи на последен тренинг пред мечот со лидерот во Премиер лигата, а тогаш ќе стане јасно во каква состојба е и Рашфорд.

ПретходноВетеранот Парис победи на спустот во Вал Гардена (ВИДЕО)
СледноГолеада: Марио Илиевски и Боби Николов постигнаа три гола во победата на Кишварда (ВИДЕО)