Чави: Добивам пораки од кои имам чувство како да сум на погреб

242

По двата порази во низа, Барселона денеска продолжува со мечевите, гостува на Валенсија во Ла Лига. Атмосферата во таборот на каталонскиот гигант не е добра, во последните неколку дена се наоѓа на тапет на шпанските медиуми, особено тренерот Чави Хернандез.

„Добро сум, најважно е дека сум позитивен, се радувам на продолжението на сезоната. Можеме да имаме одлична сезона, и натаму се е отворено. Верувам во проектот на овие играчи. Врската меѓу спортскиот директор, претседателот и соблекувалната е многу силна“, рече Чави.

Предводникот на Барселона призна дека постојано добивал пораки од кои добивал чувство како да е на погреб.

„Добивам пораки поради кои има чувство како да сум на погреб, чувство како да ги имаш загубено родителите. Никој не ми честиташе дека се пласиравме во осминафинлето на ЛШ. Пред месец дена се зборуваше дека можам да бидам новиот Сер Алекс во Барселона, сега ми зборувате дека можам да останам без работа. На овој клуб му е потребна стабилност, овој проект е успешен и победнички, затоа не треба да се паѓа во депресија“.

Причината за бројните критики се петте порази во последните девет мечи.

ПретходноСупер-лигата може да се врати, во четврток ќе „падне“ судска одлука
СледноНов систем и кај дамите: Плеј-оф и плеј-аут во Супер-лигата