Шок за Сити: Палас украде бод на „Етихад“, Челзи и Њукасл до убедливи победи (ВИДЕО)

220

Крстал Палас успеа во последните секунди од гостувањето кај Манчестер Сити да се избори за реми, 2:2 во дуелот со шампионот Манчестер Сити. Иако домашните имаа предност од 2:0, до крајот дозволија гостите да дојдат до израмнување и да ги оддалечат од водечките на премиерлигашката табела.

Избраниците на Пеп Гвардиола поведоа во 24. минута кога Џек Грилиш го искористи додавањето на Фоден и ја затресе мрежата на лондонскиот клуб.

Апсолутната доминација Сити ја претвори во гол во 54. минута кога погоди Рико Луис, но во 76. Кристал Палас успеа да се врати во натпреварот со голот на Жан-Филип Матета.

Премногу потценувачкиот однос на теренот, домашните го платија на најлош можен начин, примија гол од пенал во 95. Минута, која Мајкл Олиси израмни.

Челзи на Стемфорд Бриџ го победи Шефилд Јунајтед со 2:0. Головите ги постигнаа Палмер и Џексон.

Њукасл на домашен терен го победи Фулам со 3:0. Сите три гола стигнаа во вториот дел. Фулам играше од 22. минута со играч помалку поради црвениот картон за Хименез. 17-годишниот Луис Мајли го постигна својот прв гол на своето деби за Њукасл и стана најмладиот играч и стрелец на клубот во Премиер лигата. По него погодија и Алмирон и Бурн.

Натпреварот помеѓу Бурнмаут и Лутон беше прекинат при 1:1 во 60. минута откако колабираше дефанзивецот на Лутон, Том Локер.

ПретходноМарко Ѓорѓиевски пред трансфер во Динамо Минск!
Следно„Јорганџиите“ не ја преживеаја Баскија