Фудбалерите на Атлетик Билбао славеа со 2:0 во дербито на 17. коло на шпанската Ла Лига против Атлетико Мадрид. На „Сан Мамеш“ домашните направија пријатно изненадување, бидејќи лесно го совлада тимот на Диего Симеоне, а триумфот можеше да биде и поубедлив.
Во првиот дел од мечот, Атлетик (Б) промаши пенал, но во вториот дел успеа да ја потврди доминацијата. Гурузета погоди во 51. минута за 1:0, а конечните 2:0 беа дело на Вилијамс во 64. минута.