Неколку интересни мечеви се одиграа утринава во НБА. Секако дека сите погледи беа насочени кон дуелот меѓу Сан Антонио и ЛА Лејкерс и поради “чудото“ Виктор Вембањама и Леброн Џејмс. Славеше младиот Французин и негивите “спарси“ со 129:115. Вембањама забалежа дабл-дабл со 13 поени и 15 скокови. Додека Леброн имаше 23 поени и 14 асистенции.
Одлчна партија кај победникот имаше Весел со 36 поени со шут за тројки од 5/10.
Интересно, ова беше прва победа на Сан Антонио по 18 порази во низа.
Џејлен Брансон од Њујорк ќе го памети мечот со Феникс. Одигра фантастично, постигна 50 поени. И тој првиот кошаркар после Мајкл Џордан кој постигнал 50 поени, 9 асистенции, 5 скока и 5 украдени топки на еден натпревар.
Уште поинтересно. Некогаш најдобриот тим во НБА, тимот на Детроит никако не може да се пронајде себеси. Овојпат загуби од Филаделфија со 92:124, ова беше 22 пораз на “пистонси“ во низа.
Неверојатно.
На останатите средби постигнати се следните резултати:
Шарлот – Њу Орлеанс 107:112, Вашингтон – Индијана 137:123, Бостон – Орландо 128:111, Торонто – Атланта 104:125, Мемфис – Хјустон 96:103, Феникс – Њујорк 122:139.