Ветеранот Парис победи на спустот во Вал Гардена (ВИДЕО)

57

Италијанецот Доминик Парис е победник на машкиот спуст кој денеска се возеше во Вал Гардена.

Парис, за ​​кого ова е прва победа од март 2022 година, славеше со време 1:59.84. Втор заврши Норвежанецот Килде, додека Брајс Бенет, победникот на првиот зимски спуст одржан во четвртокот на истата патека, заврши како трет.

34-годишниот Парис запиша 22-ра победа во Светскиот куп, 18-та во спуст.

Во генералниот пласман кај скијачите во спуст првото место го делат Бенет и Килде со по 160 поени, додека трет е Парис со 124 поени.

ПретходноЛукаку веќе прифатил мултимилионска понуда и во јуни се сели во Саудиска Арабија
СледноНов проблем за Тен Хаг: Рашфорд закачил вирус, неизвесен за дербито