Викендов ќе се одиграат последните мечеви од есенскиот дел во домашните одбојкарски конкуренции. Одлуката за место во втората фаза е веќе донесена, но и последната рунда најавува неколку возбудливи пресметки.
Кај мажите, Штип УГД синоќа требаше да го потврди второто место зад шампионот Струмица, но мечот се одложи. Лирија сама одредува дали ќе остане трета. Весна Пробиштип, Работнички 71&22 и Универзитет во Тетово се меѓу првите шест и во Втората фаза-1, а во 11-то коло ќе решаваат за четвртото место. Најдобра почетна основа има скопската екипа затоа што ќе оди кај ГОК Борец, а ривалите играат меѓу себе.
Одбојкарките одамна ја поделија табелата во Првата лига на два дела. Наковски волеј и Јанта волеј се во трка за втората позиција, Струмица е прва, а Работнички Скопје се четврти. Тоа ќе биде изгледот на Втората фаза-1 и на полуфиналето во разигрувањето. Дерби во 14-то коло е локалното соочување во коешто Струмица има амбиција да го задржи максималниот биланс и по пресметката со Наковски волеј.
Прва лига (мажи), 11. коло
Струмица – Вардар (сабота, 13.00)
Шкендија – Лирија (сабота, 17.00)
Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип (сабота, 20.00)
ГОК Борец – Работнички 71&22 (сабота, 16.00)
Јанта волеј – Сушево (сабота, 18.00)
Македонија Џио – Штип УГД (понеделник, 18.00)
ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (30); 2. Штип УДГ (24); 3. Лирија (23); 4. Весна Пробиштип (21); 5. Работнички 71&22 (21); 6. Шкендија (15); 7. Универзитет во Тетово (18); 8. ГОК Борец (12); 9. Сушево (7); 10. Јанта Волеј (6); 11. Вардар (3); 12. Македонија Џио (0).
Прва лига (жени), 14. коло
Струмица – Наковски волеј (сабота, 19.00)
Јанта волеј – Младост УГД (сабота, 20.00)
Вардар 2019 – Работнички Скопје (сабота, 19.30)
Вардар ЕМ – Фит фан волеј (сабота, 16.00)
ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (37); 2. Наковски В. (28); 4. Јанта Волеј (25); 4. Работнички (23); 5. Фит Фан Волеј (16); 6. Младост УДГ (14); 7. Вардар ЕМ (7); 8. Вардар 2019 (0).