Во “македонското дерби“ на Кипар: Тричко со гол, Богатинов со црвен картон! (ВИДЕО)

163

Ахна – АЕК Ларнака 0:3 е епилогот од “македонското дерби“ на Кипар. Славеше тимот на Иван Тричковски кој бепе стрелец и на вториот гол на својот тим во 90+1.минута.

Интересно е тоа што кај домашните бранеше екс – репрезентативецот на Македонија, Мартин Богатинов кој во 42.минута заработи црвен картон и мораше предвреме да го заврши натпреварот.

Кај поразениот тим настапија и Кире Ристевски и Стефан Спировски, но и не помогнаа Ахна да го избегне убедливиот пораз. Заработија само жолти картони.

ПретходноВо дербито на дното: Охрид славеше против Вардар!
СледноКонечно победа на свој терен: Наполи без Елмас тешко до триумф против Каљари! (ВИДЕО)