Гого беше поразен во Карате Kомбат, но не крие дека многу му значи поддршката на Волкановски!

4699

Гого Славески, кој беше шампион во бокс без ракавици, беше поразен во Карате Kомбат уште во првата борба. Тој во првата рунда беше поразен од Брендон Џенкинс. Македонецот немаше среќа во борбата со квалитетниот противник.

Сепак Гого не беше премногу разочаран по борбата во Лас Вегас и тоа поради присуството на славниот УФЦ шампион Александар Волкановски, Австралиецот од македонско потекло.

Тој не криеше дека многу му значи поддршката на Волкановски и тоа го сподели на социјалните мрежи.

ПретходноРаботнички го враќа Андреј Лазаров?!
СледноВо дербито на дното: Охрид славеше против Вардар!