Горазд Михаилов си замина од Силекс!

2490

По Шкендија и Вардар, од денеска и Силекс е во потрага по нов шеф на стручниот штаб. Имено  по цели 2,5 години Горазд Михаилов си замина од Силекс и не е повеќе стратег на кратовскиот прволигаш. Период исполнет со успеси, играше во финалето на Купот на Македонија, го врати Силекс во ПМФЛ и постојано беше четврти зад “големата тројка“ Струга ТЛ, Шкендија и Шкупи. Го предводеше тимот на Силекс и во Европа.

Сепак време е за разделба.

Секогаш има крај на една епизода, епизода која траеше 2,5 години. Можам да бидам презадоволен од постигатите резултати, но тие не би се постигнале ако не ја имав подршката од моите соработници ( спортскиот директор Ристиќ, Иванов, Глигоровски, Христовски, Динев, Мицков) каде успеавме да го вратиме ФК Силекс на старите патеки во мак- фудбалот и константно да го подобруваме нашиот рејтинг со игрите и резултатите. Затоа на сите од клубот им благодарам од се срце за неизмерната подршка, шансата која ми ја доверија и ја оправдав со својата посветеност и резултати, а верувам дека во иднина ќе постигнувате позитивни резултати а јас ќе Ве следам и навивам за Вас. Ти благодарам Кратово ти благодарам Силекс“истакна Михаилов по заминувањето од Кратово.

ПретходноАлегри по киксот со Џенова: Судијата беше добар, задоволен сум од настапот на Јуве!
СледноСампдорија ќе игра со посебни дресови во чест на Синиша Михајловиќ