Вториот најдобар стрелец во историјата на НБА и еден од најдобрите кошаркари во историјата е примен во болница. Станува збор за Карим Абдул Џабар (76) кој за време на еден концерт се здобил со тешка повреда на колкот и морал да оди во болница.
Џабар кој во својата кариера играше за Милвоки и за ЛА Лејкерс, освои и неколку шампионски прстени, пред извесно време напиша на социјалните мрежи дека направил грешка кога кажал дека го победил ракот.