Уште една добра игра и уште една убедлива победа на нашата младинска ракометна селекција. По С. Арабија вчера, денеска избраниците на селекторот Раде Стојановиќ славеа и против Словачка со 33:23 на турнирот “Трофеј Карпати“ кој се одржува во Романија.
Стартот на мечот беше израмнет, но потоа следуваше серија од 5:0 на нашите момци за водство од 8:3. На полувреме се замина со 18:11.
И во продолжение од средбата Македонија одигра навистина добро, Словачка во неколу наврати се закани намалувајќи ја разликата, но таа на кракот изнесуваше десет голови и триумф од 33:23.
Узинчев постигна десет голови и беше наш најефикасен играч, додека голманот Галевски имаше 10 одбрани.
Утре Македонија ја чека дуел со селекцијата на Романија.