Бројни медиуми ги објавија наводните најдобри 11 на Жозе Мурињо (60). Според овие информации, Португалецот во својот идеален состав ги вклучи Петр Чех, Хавиер Занети, Џон Тери, Рикардо Карваљо, Вилијам Галас, Клод Макелеле, Френк Лампард, Месут Озил, Кристијано Роналдо, Еден Азар и Дидие Дрогба.
Сепак, Мурињо се огласи и рече дека тоа е лажна вест. Тренерот на Рома на Инстаграм напиша:
„Најдобрите 11 на Х.М., Х.М. ги избира своите најдобри 11…Лажни вести. Никогаш не сум го правел ова. Отсекогаш сум одбивал да го направам тоа, тоа е невозможно. Лажни вести“.
„Никогаш не го правев и нема да го сторам тоа. Имав толку многу врвни играчи, но најважно е што ми дадоа тие играчи. Играчите кои ми дадоа се: квалитет, труд, крв, душа… Сите тие се во моите најдобри 11. Сите. Затоа секогаш одбивав да ги одберам моите најдобри 11. Ги сакам и ги почитувам моите играчи. Лажни вести. Ве молам почитувајте ја мојата историја и моите момчиња“.
Мурињо моментално ја води Рома и е еден од најдобрите тренери на сите времиња, откако освои се што треба да се освои.