Диего Алонсо не е веќе тренер на Севиља. Ова е официјално и тоа од страна на раководството на клубот веднаш по мечот со Хетафе на кој Севиља бепе поразена со неверојатни 0:3.
Во соопштението само со две реченици е потврдено дека Севиља му врачи отказ на стратегот од Уругвај кој мора да си замине како и неговите претходници Лопетеги, Сампаоли и Мендилибар.
Алонсо ја водеше екипата на 14 средби и имаше само две победи.