Работнички го враќа Андреј Лазаров?!

1097

Андреј Лазаров (24) по се изгледа дека ја заврши „епизодата“ во Рудеш, во тимот од ХНЛ. По само шест месеци престој во хрватскиот клуб, за кој настапи на 13 средби и постигна еден гол, во зимскиот преоден рок тој се враќа во Работнички. Играчот за врска во повеќе наврати се враќаше во тимот од Дебар Маало, ни никогаш не доби вистинска шанса и постојано одеше на позајмица во Тиквеш каде блескаше.

Којзнае, можеби овојпат ќе ја добие шансата во тимот на Работнички од стратегот Гоце Седлоски и ќе се покажа во вистинско светло и ќе докаже дека има неспорни квалитети да заигра во првиот тим на Работнички.

ПретходноМладинците убедливи и против Словачка!
СледноГого беше поразен во Карате Kомбат, но не крие дека многу му значи поддршката на Волкановски!