Роналдо има совршен план: Ќе игра фудбал до 2027 а потоа ќе “исчезне“!

2290

 

Кристијано Роналдо нема намера така брзо да ја прекине својата кариера. И покрај годините него добро му оди во Ал Наср. Игра солидно во првенството во С. Арабија, си зема 200 милиони евра годишно, нема причина да му ја мисли на нешто друго, како пензија на пример.

Се почести се шпекулациите дека тој набргу ќе потпише нов договор со Ал Наср кој биде со важност до 2027 година и тогаш ќе стави крај на играчката кариера. На 42 години.

Следува остварување на совршениот план. А тој е да “исчезне“ од јавноста, да се повлече некаде на еден од своите бројни имоти ширум светот. Нема да дава изјави, коментари, едноставно ќе се посвети на семејството и својот бизнис.

ПретходноВикендов финишира одбојкарската есен
СледноШкендија и Вардар во потрага по нови тренери!