Само бод за Барса на “Местаља“! (ВИДЕО)

220

Одличен натпревар вечерва на “Местаља“ во рамките на 17.коло во Ла Лига, на кој Валенсија и Барселона одиграа без победник, 1:1. Со овој скор тимот на Чави Ернандез загуби два златни бода во битката за опстанок. Треба веднаш да се каже дека и двата гола, оној на Феликс во 55.минута за гостите и оној на Гиљамон во 70.минута се за раскажување. Голови кои ги привлекуваат фановите на трибините.

Барса беше подобра во поле, Барса во текот на целиот меч ја имаше иницијативата, имаше и шанси за многу повеќе од тие 1:1, но сепак не успеваше, освен во 55.минута, да го пронајде патот до мрежата на домашниот состав и покрај 16-те удари вкупно или девет во рамките на голот.

ПретходноСудиите во Турција испратиле список со седум барања до Федерацијата за да се вратат на терените
СледноЛегендарниот НБА кошаркар примен во болница! (ФОТО)