Судиите од Турција и доставија на Турската фудбалска федерација список од седум барања, по што ќе се вратат на фудбалските терени. Ова го објави новинарот Јагиз Сабунчиоглу на социјалната мрежа Х (поранешен Твитер).
Судиите најавија комплетен бојкот на натпреварите од турскиот шампионат по инцидентот што се случи во рамките на Суперлигата по натпреварот меѓу Анкарагучу и Ризеспор (1:1), кога претседателот на Анкарагучу, Фарук Коџа го претепа судијата Халил Умут Мелер.
Претходно Турската фудбалска федерација извести дека Коџа доби доживотна забрана за играње фудбал. Засега нема детали околу барањата на судиите, но за нив ќе се дискутира деновиве, пред најавеното продолжување на првенството следната недела.