Супер-лигата може да се врати, во четврток ќе „падне“ судска одлука

288

Супер-лигата не е мртва, барем не додека Врховниот суд на Европската унија не ја донесе пресудата во четврток, 21 декември. Спорот меѓу УЕФА и основачите на Супер-лигата е легитимноста на натпреварувањето кое беше опфатено со скандали во средината на 2021 година. Основачи на Супер-лигата се челниците на моќните европски клубови Реал Мадрид, Барселона и Јувентус и ја тужеа УЕФА за конфликт на интереси.

Исто така, тврдат дека УЕФА и ФИФА имаат незаконски монопол на организацијата на сите фудбалски натпреварувања. Како што пренесува шпанскиот весник „Мундо Депортиво“, проектот Супер-лига се уште е жив и може да добие ново засилување по одлуката на Врховниот суд.

Барселона и Реал на тој начин можат да добијат една милијарда евра судска отштета. Неизмерно е колку тоа би значело, особено за Барселона, која е во финансиски хаос веќе неколку години.

Суперлигата е замислена како натпреварување на најсилните фудбалски клубови во Европа. Во моментот на неговото формирање, наводно биле контактирани околу 60 клубови кои би можеле да учествуваат во него. Но, во лигата, барем во првиот ранг, би се натпреварувале дваесетина од нив.

Проектот Супер-лига брзо беше замолчен со жестоката реакција на УЕФА која се закани со санкции. Протестираа и навивачите на кои им беше незамисливо да постои независна лига во која клубовите не можат да испаѓаат или да влезат во неа.

ПретходноДерби во Кавадарци: Тиквеш против Алкалоид сам ќе ја скрои табелата
СледноЧави: Добивам пораки од кои имам чувство како да сум на погреб