Алегри по киксот со Џенова: Судијата беше добар, задоволен сум од настапот на Јуве!

141

Синоќа во меч од 16.коло Јуве одигра само 1:1 на гости кај Џенова. Секако дека ова е голем кикс на тимот кој што важи за еден од најголемите претенденти за освојување на титулата.

И покрај губењето на два златни бода, тренерот на Јуве Макс Алегри, немаше замерки ни кон судијата, уште помалку кон своите избраници. Рече дека недостигала само поголема успешност во реализацијата на шансите:

“Не беше лесно да се игра против Џенова. Судијата беше добар, добро си ја заврши својата работа, иако да кажам дека немам обичај да говорам за судењето. Инаку јас сум задоволен од настапот на Јуве, недостигаше само подобра реализација. Моравме да го постигнеме тој втор гол за 2:0 и со тоа да го решиме победникот, но, ете, не успеавме“ рече покрај другото Алегри.

ПретходноШкендија и Вардар во потрага по нови тренери!
СледноГоразд Михаилов си замина од Силекс!