Вечерва во меч од 12.коло во Првата лига, кошаркарите на Охрид со 89:81 славеа против Вардар. Ова е втора победа за домашните кошаркари во досегашниот тек од сезоната.
Победникот беше решен во последната четвртина, посебно ако се знае дека во првите три имаше резултатска рамнотежа, а во последната и двете екипи влегоа со исти број поени.
Но сепак во миговите кога беше најпотребно кошаркарите на Оахрид одиграа подобро и на крајот заслужено славеа со 89:81.
Најефикасни на мечот беа Лајонс кај домашните со 22 поени, додека кај гостите Атанасов и Наков забележаа по 21 поени.