Како што дознава „СпортСпорт“, Стефан Коцев(29) е првото засилување на Гостивар во текот на овој зимски период. Играчот за врска и досегашен член на Каспиј Актау од Казахстан, имал успешни разговори со челниците на Гостивар и одлучено е тој да се врати во нашата ПМФЛ.
Секако дека ова е големо засилување за Гостивар, посебно во дефанзивниот дел од тимот.
Инаку Коцев досега играше и за Брегалница, Лириа (Косово), Силекс….