Дерби во Кавадарци: Тиквеш против Алкалоид сам ќе ја скрои табелата

162

Последниот меч од Супер-лигата на програмата е денеска, во салата „Јасмин“ тимот на ГРК Тиквеш е домаќин на Алкалоид (19 часот).

Македонскиот вицепрвак во Кавадарци ќе биде без помошта на својот најдобар стрелец, Мартин Серафимов, кој поради повреда ќе го прескокне и овој меч, а во составот ќе го нема ниту, Марко Стојковиќ, кој исто така е повреден.

Избраниците на Кирил Лазаров се први на табелата со максимални 13 победи во групата А, од која во плеј-офот со било какво денешно сценарио ќе пренесат три бода.

На другата страна ГРК Тиквеш сам ќе ја крои табелата која станува збор за второто место. Таму пред овој дуел е ГРК Охрид, победа или реми ќе биде доволно за да кавадарчани се искачат на второто место и во плеј-фот да пренесат два бода.

Од оваа група во плеј-офот ќе ја гледаме и Струга, а додека пак во битката за опстанок патуваат Е.Пелистер 2, Аердром, Куманово и Струга.

ПретходноГостивар го договори Стефан Коцев!
СледноСупер-лигата може да се врати, во четврток ќе „падне“ судска одлука