Најплатените играчи во ПЛ од 1992 до денеска: Почна со 10.000 фунти неделна плата, а сега Халанд зема 865.000!

2479

 

Повеќе од јасно е дека не може никако да се споредуваат платите или договорите на фудбалерите од пред две-три децении и сега, посебно не во Премиерлигата. Лига која била отсекогаш најатактивна, а во последно време и најсилна и тоа без конкуренција.
Порано најдобрите фудбалери беа милионери, а сега се мултимилионери или, како Меси и Роналдо, мултимилијардери.

И не само во ПЛ, да не заборавиме колкави се примањата на играчите во С. Арабија.

Но да се вратиме на Премиерлигата.

Убаво е да се направи споредба колкави договори имале најплатените играчи од таа 1992 година па до денеска.

Џон Барнс во Ливерпул во таа сезоната 1992/93 земал 10.000 фунти неделна плата, а сега Ерлинг Халанд зема неверојатни 865.000 фунти неделно.

Еве каков бил растот на неделните плати на најплатените играчи во Премиерлигата по сезона:

1992-93: Џон Барнс (Ливерпул) 10.000 фунти неделно

1993-94: Џон Барнс (Ливерпул) 10.000

1994-95. Ерик Кантона (Манчестер Јунајтед) 18.000

1995-96: Денис Бергкамп (Арсенал) 25.000

1996-97: Фабрицио Раванели (Мидлсборо) 42.000

1997-98: Алан Ширер (Њукасл) 38.000

1998-99: Алан Ширер (Њукасл) 38.000

1999-00: Рој Кин (Манчестер Јунајтед) 52.000

2000-01: Рој Кин (Манчестер Јунатед) 52.000

2001 -02: Рој Кин (Манчестер Јунајтед) 90.000

2002-03: Рој Кин (Манчестер Јунајтед) 94.000

2003-04: Ернан Креспо (Челзи) 94.000

2004-05: Френк Лампард (Челзи) 98.000

2005-06: Стивен Џерард (Ливерпул) 100.000

2006-07: Андриј Шевченко (Челзи) 118.000

2007-08: Џон Тери (Челзи) 135.000

2008-09: Робињо (Манчестер Сити) 160.000

2009-10: Карлос Тевез (Манчестер Сити) 250.000

2010-11: Карлос Тевез (Манчестер Сити) 250.000

2011-12: Карлос Тевез (Манчестер Сити) 250.000

2012-13: Карлос Тевез (Манчестер Сити) 250.000

2013-14: Вејн Руни (Манчестер Јунајтед) 300.000

2014-15: Вејн Руни (Манчестер Јунајтед) 300.000

2015-16: Вејн Руни (Манчестер Јунајтед) 300.000

2016-17: Вејн Руни (Манчестер Јунајтед) 300.000

2017-18: Алексис Санчез (Арсенал) 350.000

2018-19: Алексис Санчез (Манчестер Јунајтед) 350.000

2019-20: Давид Де Хеа (Манчестер Јунајтед) 375.000

2020-21: Герет Бејл (Тотенхем) 560.000 (дел плаќаше и Реал)

2021-22: Кристијано Роналдо (Манчестер Јунајтед) 480.000

2022-23: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) 865.000

2023-24: Ерлинг Халанд (Манчестер Сити) 865.000 фунти неделно

ПретходноРишарлисон и Кулушевски за победа на Тотенхем
СледноВембањама и Сан Антонио со триумф против Леброн, Брансон со 50 поени против Феникс! (ВИДЕО)