Нов систем и кај дамите: Плеј-оф и плеј-аут во Супер-лигата

155

И системот на натпреварување во женската Супер-лига би можел да биде променет за следната сезона доколку биде прифатен изготвениот предлог, според кој досегашната лига со 14 екипи по завршување на првиот дел односно регуларните 2х13 кола, да се продолжи со плеј-оф и плеј-аут.

Во плеј-офот би продолжиле првите шест екипи и тие ќе пренесат бодови по следниот систем: Првопласираниот ќе пренесе три, второ и третопласираните по две, четврто и петтопласираниот по еден бод, а шестиот во регуларниот дел ќе стартува без бодови.

За победа во следната сезона ќе се добиваат два место досегашните три бода. Нерешено ќе биде еден бод, пораз останува да биде нула бодови.

Екипите во плеј-оф продолжуваат да играат 2х5 кола за добивање на конечната табела, додека пак во плеј-аут, ќе бидат поделени во две групи и тоа според пламанот во регуларниот дел.

Седмопласираната екипа оди во група „А“, осмопласираната во група „Б“. Деветтопласираната во група „А“, десеттата во група „Б“. Ќе се играат 2х3 кола, а победниците на групите ќе се сретнат во бараж натпревар што ќе се игра за парична награда.

Таа награда ќе биде во зависност од буџетот, но би требало да биде 200.000 денари.

ПретходноЧави: Добивам пораки од кои имам чувство како да сум на погреб
СледноНови правила во МЛС: Играчите кои ќе бидат заменети имаат 10 секунди да го напуштат теренот!