Сампдорија ќе игра со посебни дресови во чест на Синиша Михајловиќ

153

Екипата на Сампдорија реши да излезе на терен против Реџана во дресови со ликот на покојната легенда Синиша Михајловиќ.

Тимот од Џенова на домашен терен го игра натпреварот од 17. коло во Серија Б, а тој натпревар ќе сентименатлен бидејќи се навршува една година од смртта на Михајловиќ.

Михајловиќ како играч го носеше дресот на Сампдорија од 1994 до 1998 година, а беше тренер и на тимот од 2013 до 2015 година. За жал, со тој клуб не освои ниту еден трофеј. Одигра 110 натпревари и постигна 12 гола.

Сем Сампдорија во својата професионална кариера настапуваше за Војводина, Црвена звезда, Рома, Лацио и Интер.

ПретходноГоразд Михаилов си замина од Силекс!
СледноМурињо: Пишувате лаги, никогаш нема да го направам тоа!