Се преговара со Тупан и Захариевски, Васоски бил опција како и тренери од Србија за нов стратег на Силекс!

3398

Откако од денеска и официјално Силекс остана без тренер по заминувањето на Горазд Михаилов, одлука која уште вчера им била соопштена на првите луѓе на клубот, сега кратовци се во потрага по нов шеф на стручниот штаб.

Од клубот за “СпортСпорт“ ни беше кажано дека тие се презадоволни од 2,5 годишната соработка со Горазд Михаилов, но и дека сега е време за ново име.

Инаку како што велат нашите информации, Силекс уште вчера имал разговори со Славчо Георгиевски – Тупан, некогашен стратег на Тетекс и Скопје.Исто така се разговарало со Срѓан Захариевски кој е себеси се промовира како фудбалер токму во Силекс пред три децении а како тренер има работено во Металург, Пелистер, Струга ТЛ.

“СпортСпорт“ беше брифиран дека опција бил и Александар Васоски, но довчерашниот стратег на Вардар со мислите е во Кина каде за ден – два ќе се знае неговиот нов клуб.

Опција биле и неколку стратези од Србија за нов шеф на Силекс, за тоа кој ќе го наследи Михаилов ќе се знае во текот на следните неколку дена.

ПретходноМурињо: Пишувате лаги, никогаш нема да го направам тоа!
СледноГостивар го договори Стефан Коцев!