Тиквеш сам си пресуди, „Лозари“ се обидоа да ги нападнат ракометарите на Алкалоид (ВИДЕО)

7220

Сосема очекувано, ГРК Тиквеш и Алкалоид одиграа неизвесен натпревар во последниот меч од Супер-лигата. Победник од оваа средба излезе македонскиот вицепрвак, во драматична завршница славеше со 27-29 и остана единствен непоразен тим во овој дел од шампионатот.

По завршување на мечот навивачите на Тиквеш беа револтирани бидејќи нивниот тим во плеј-офот оди како третопласиран односно ќе пренесе бод, па се обидоа да дојдат до играчите на Алкалоид.

Оваа слика од теренот беше несфатлива, бидејќи нивните миленици ја имаат целата вина, имаа отворен пат дури и да победат, но не искористија ниту една од шансите.„Лозари“ влегоа на теренот, но на време бра спречени да направат нешто повеќе.

Домаќинот поведе со 2-1 и 3-2, по последните 5-5, гостите со серија од два гола поведоа со 5-7. Избраниците на Лазаров водеа и со 7-9, по што противникот со серија од 4-1 го вратија водството (11-10). На одморот беше (13-12).

Неизвесноста продолжи и во вториот дел, со тоа што ниту една о двете екипи не водеше повеќе од еден гол. Беше тензично, фактот дека на Тиквеш му требаше бод за да оди како второпласиран во плеј-офот. Во 53 минута при 21-20, судиите се повлекоа на кратко бидејќи на теренот летнаа тврди предмети.

Во 27. минута домаќинот не го искористи промашувањето на Савревски за да дојде на плус два, па следеше казна. Џонов и Омерагиќ приредија пресврт за 27-28 во последната минута. Тиквеш тргна во напад, но ја загуби топката, а Благојче Трајкоски со гол ја запечати победата на својот тим од 27-29.

Џонов постигна пет гола, еден помалку имаше Маркоски. На другата страна Обинна имаше 12 погодоци.

ПретходноКонечно победа на свој терен: Наполи без Елмас тешко до триумф против Каљари! (ВИДЕО)
СледноЕвертон си гази: “Карамелите“ го решија и Барнли на гости! (ВИДЕО)