Флури најбрза на спустот во Вал д’Изер (ВИДЕО)

48

Швајцарската скијачка Јасмин Флури победи на саботниот спуст од Светски куп во во Вал д’Изер. Флури беше најбрза со време 1:43.47, а второто место го зазеде нејзината сонародничка Џоана Хелен со 22 стотинки послабо време (1:43.69).

Третото место на победничкиот пиедестал и припадна на Австријката Корнелија Хутер која заврши со 24 стотинки зад победничката. Триесетгодишната Флури ја освои титулата светски шампион во спуст во февруари во Мерибел, но ова е нејзина прва победа во оваа дисциплина во Светскиот куп. Та апретходно имаше победа и во супервелеслалом.

ПретходноНови правила во МЛС: Играчите кои ќе бидат заменети имаат 10 секунди да го напуштат теренот!
СледноЛукаку веќе прифатил мултимилионска понуда и во јуни се сели во Саудиска Арабија