Шкендија и Вардар во потрага по нови тренери!

1290

 

Бурно е во Шкендија и Вардар, барем кога се однесува до тренерските клупи. И двата клуба останаа без тренери. Тетовци пред некој ден му врачија отказ на Ардијан Нухиу, причините се јасни. Додека вчера Александар Васоски си поднесе оставка од местото шеф на стручниот штабна Вардар. Како што веќе информираше “СпортСпорт“ тој својата кариера ќе ја продолжи ви Кина. За ден – два треба да потпише договор со еден тамошен клуб.

Интересно. Ако за клупата на Шкендија се шпекулира со повеќе имиња, како Оргес Шехи, потоа Артим Шаќири, Берат Имери, Игор Ангеловски, и Васоски беше во “игра“, за Вардар еве веќе мина еден ден откако тренерското место е испразнето, не се шпекулира си ниту едно име.

Чудно. Сепак и покрај големите проблеми во клубот Вардар си е Вардар и него му личи да има квалитетен стратег, но, ете, нема шпекулации. Како да ретко кој сака да седне на клупата на најтрофејниот во Македонија пред кого е пеколна пролет.

Во секој случај деновиве ќе биде интересно во Шкендија и Вардар.

ПретходноРоналдо има совршен план: Ќе игра фудбал до 2027 а потоа ќе “исчезне“!
СледноАлегри по киксот со Џенова: Судијата беше добар, задоволен сум од настапот на Јуве!