Ако добие покана: Ц. Звезда нема да игра во Суперлигата!

3481

Четврток (21 декември), може да биде датум од голема важност за европскиот фудбал. Европскиот суд на правдата треба да донесе одлука дали УЕФА има монопол на меѓународните континентални натпреварувања или пак, ќе бидеме сведоци, на конечно формирање на Суперлигата. Идеја која беше лансирана од Реал, Барса, Јувентус и други гиганти, но, која тогаш пред две-три години уште во зародиш пропадна.

Одлуката со нетрпение ја очекуваат Реал и Барса кои останаа најупорни во формирањето на Суперлигата.

Инаку вчера како “бомба“ одекна веста на “Мудндо Депортиво“, дека ако сепак се формира ова натпреварување на најбогатите клубови во Европа, Реал и Барса ја разгледуваат можноста да упатат покана и до Ц. Звезда, европскиот првак од 1991 година.

По ова раководството на “црвено – белите“ експресно реагираше и вчера со сопштение истакна дека Ц. Звезда, ако добие официјална покана за да игра во Суперлигата, истата ќе биде одбиена и дека српскиот шампион и во иднина ќе се натпреварува само во официјалните натпревари под “капата“ на УЕФА а не во било какви други лиги, па макар таа била и Суперлигата.

ПретходноОва на Пеп никогаш не му се случило: Сити на последните шест меча во ПЛ има само една победа! (ФОТО)
СледноЛеонардо ди Каприо не знае што е Арсенал, Озил му фати сеир!