Мбапе го постигна 180. гол во Лига1, но ПСЖ киксираше

86

Килијан Мбапе го постигна својот 16-ти првенствен гол во 15-от натпревар во сезоната, но ПСЖ не успеа да го победи Лил и покрај тоа што имаше предност од 1-0 до четвртата минута од судиското надополнување. Мбапе дојде до 180-ти погодок во 232 натпревари во францускиот шампионат.

ПСЖ беше на пат кон својата деветта првенствена победа во низа, бидејќи голот на Килијан Мбапе од пенал во 66. минута им донесе водство од 1-0 до продолжението. По примениот гол, Лил одигра одлучно и почна да создава шанси до крајот. ПСЖ ги одбиваше нападите до 94. минута, кога потклекна. Одбраната погреши, Џонатан Дејвид успеа со глава да погоди за конечни 1:1.

ПретходноМодриќ испиша историја, Реал Мадрид „сервираше“ покер (ВИДЕО)
СледноШок за Дон Карло: Алаба ги скина лигаментите, заврши сезоната за дефанзивецот на Реал!