Младинската ракометна репрезентација на Македонија заврши на второто место „Трофејот Карпати“. Денеска во мечот со домаќинот Романија, нашите млади ракометари беа поразени со 36:32.
Мечот беше финале на турнирот, откако во првите две кола и двете селекции остварија по две победи.
Македонија беше подобра во голем дел од првото полувреме, но дозволи Романија во финишот да направи серија од 5.0 и со 14:11 да замине на пауза.
Калајџиески со десет погодоци беше најефикасен во нашата селекција, додека Узунчев постигна 8 гола.