Одбојкарките на Струмица на фантастичен начин ја заокружија полусезоната на домашната одбојкарска сцена. Со 14-та победа во исто толку одиграни средби, тимот на тренерот Кончалиев покажа дека е доминантен и прв фаворит за титулата оваа сезона.
Во последниот есенски дуел во големото струмичко дерби, Струмица со максимални 3:0 го порази Наковски Волеј и самоуверено остана да владее од првото место на табелата. Во останатите дуели од ова коло, Јанта Волеј обезбеди важна победа над Младост УДГ со 3:1, а без проблеми Работнички и Фит Фан Волеј обезбедија триумфи над двоецот со предзнак Вардар.
Прва лига (жени), 14. коло
Струмица – Наковски волеј 3:0 (25:17, 25:18, 25:9)
Јанта волеј – Младост УГД 3:1 (25:21, 20:25, 25:21, 25:22)
Вардар 2019 – Работнички Скопје 0:3 (8:25, 25:27, 9:25)
Вардар ЕМ – Фит фан волеј 0:3 (24:26, 19:25, 20:25)
ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (40); 2. Наковски В. (28); 4. Јанта Волеј (28); 4. Работнички (26); 5. Фит Фан Волеј (19); 6. Младост УДГ (14); 7. Вардар ЕМ (7); 8. Вардар 2019 (0).