Ариго Саки: Во моментов Интер е „ферари“, а Лацио е „чиквеченто“

231

Поранешниот фудбалски тренер Ариго Саки го анализираше претстојниот меч од Серија А помеѓу Интер и Лацио. Саки се потпра на последните натпревари меѓу Интер и Лацио на „Олимпико“.
Да почнеме со овој факт: Интер на Инзаги никогаш не победил на гостувањата кај Лацио. Сега, ако од една страна ова може да биде поволна точка, од друга ме тера да кажам, порано или подоцна, трендот ќе се промени“, изјави Саки.

Според него „нероаѕурите“ се посилни од римската екипа на хартија.
Да, само помислете дека Лацио инвестираше 30% од она што го инвестираа Нероаѕурите. Тие изгубија фундаментален елемент како Милинковиќ-Савиќ, а не беше донесена негова замена. Имобиле е една година постар и не е секогаш во најдобро издание. Но, не велам дека Лацио не може да победи.
Тие треба да се фокусираат на поседот на топката. Лацио мора да прави како Реал Сосиедад во Лигата на шампионите, доминираше на Сан Сиро и ги издржа контранападите кои се најсилното оружје на тимот на Инзаги. Шпанците, сепак, направија добар пресинг, додека Лацио обично прави малку пресинг бидејќи ги нема соодветните играчи. Значи, неопходно е да се фокусираме на играта, на колективното, на движењата, на техничките вештини
“, вели Саки.

За физичките предиспозиции на двата тима?
Нероаѕурите се Ферари, од атлетска гледна точка. Лацио, пак, е Чиквеченто. Значи, не треба да се борите со предизвикот на физичко ниво, треба да дриблате, да се движите, да разменувате улоги, да се преклопувате, да ги напаѓате просторите во вистински моменти“, вели поранешниот тренер.

ПретходноФудбалски репрезентативец настапи на Европското првенство во шах
СледноМилан ја победи Монца 3:0, деби гол на тинејџерот Симиќ