Голема борба и тесна победа за Лирија во тетовското дерби

117

Два исклучително драматични мечеви го одбележаа се уште некомплетното 11-то последно есенско коло во домашното одбојкарско првенство во машка конкуренција. Во големото тетовско дерби меѓу Шкендија и Лирија, по голема борба која траеше пет сета, гостите на крајот излегоа како поумешни и успеаја да дојдат до победа од 3:2.

Сличен развој имаше и дуелот во Скопје меѓу Јанта Волеј и Сушево, каде упорните гости тргнаа фантастично, поведоа со 2:0 во сетови, но како одеднаш да застанаа и следните два сета ги загубија со неочекувано убедлив резултат. Сепак, упорноста во петтиот сет ги врати до победа.

Струмица немаше проблем со Вардар, додека Универзитет во Тетово дојде до важна победа над Весна Пробиштип. Убедлив триумф и за годинава одличниот Работнички 71&22 кој славеше во Велес.

Колото се затвора утре со мечот меѓу Македонија Џио и Штип УДГ кој поради прокисната сала беше одложен во петокот.

Прва лига (мажи), 11. коло

Струмица – Вардар                                       3:0 (25:11, 25:12, 25:11)

Шкендија – Лирија                                       2:3 (27:25, 18:25, 15:25, 25:15, 13:15)

Универзитет во Тетово – Весна Пробиштип   3:1 (28:30, 25:23, 25:20, 25:21)

ГОК Борец – Работнички 71&22                     0:3 (13:25, 14:25,19:25)

Јанта Волеј – Сушево                                    2:3 (18:25, 21:25, 25:13, 25:17, 13:15)

Македонија Џио – Штип УГД                          (утре, 18.00)

ТАБЕЛА: 1. СТРУМИЦА (33); 2. Лирија (25); 3. Штип УДГ (24); 4. Работнички 71&22 (24); 5. Весна Пробиштип (21); 6. Универзитет во Тетово (21); 7. Шкендија (16); 8. ГОК Борец (12); 9. Сушево (9); 10. Јанта Волеј (7); 11. Вардар (3); 12. Македонија Џио (0).

ПретходноПолицијата нема докази: Начевски и Николов се чисти пред лицето на правдата!
СледноСветското клупско 2025 ќе трае 29 денови, познати се дел од 32. учесници