Дончиќ блеска – во иста вечер ги мина Чембрлен и Новицки (ВИДЕО)

681

Лука Дончиќ повторно е главна тема во НБА-лигата. Словенецот одигра фантастичен меч и на Далас му донесе трета победа во низа. Неговиот тим славеше над Портланд со 131-120, а Дончиќ имаше трипл-дабл од 40 поени, 12 скока и 10 асистенции.

Дончиќ го мина Вилт Чембрлен на списокот на најмногу трипл-дабли со 40 поени. Тој има осум, а пред него се Оскар Робертсон, Џејмс Харден и Расел Вестбрук. Исто така Словенецот го мина Дирк Новицки по бројот на одиграни мечеви со плус 35 поени за Далас. Германецот имаше 78, додека Дончиќ овој рекорд го урна уште во својота шеста година во лигата.

Резултати: Милвоки – Детроит 146-114, Шарлот – Филаделфија 82-135, Кливленд – Атланта 127-119, Мајами – Чикаго 118-116, Минесота – Индијана 127-109, Голден Стејт – Бруклин 124-120, Денвер – Оклахома 117-118, Портланд – Далас 120-131, Сакраменто – Јута 125-104, ЛА Клиперс – Њујорк 144-122.

ПретходноЛиверпул беше кобен за Мојс, Ван Гал и Мурињо: Ќе добие ли Тен Хаг отказ ако Јунајтед денеска загуби на „Енфилд“? (ФОТО)
СледноТотален хаос во публиката: Се степаа две ѕвезди на УФЦ, „летаа“ тупаници од сите страни (ВИДЕО)