Заслужено: Франција е новиот светски првак!

184

Франција е новиот светски првак, во финалето ја совлада Норвешка со 31-28 и Мундијалот го завршува перфектно без пораз со девет победи во исто толку одиграни меча и два триумфи токму против бранителот на тронот.

За „триколорите“ ова трето злато на Светските првенства, до истото дојде заслужено бидејќи одигра феноменален и моќен меч.

Финалето ги оправда очекувањата, видовме брз ракомет, со мајстории на двете страни. Норвешка беше поубедлива на стартот имаше позитива од два гола (5-7, 7-9). Франција нешто подоцна со два гола во низа поведе со 15-13, а потоа дојде на 17-14. И тука не застана, успеа да дојде на плус четири (19-15 и 20-16), на одморот Норвешка намали на 20-17.

Во вториот дел Франција ја имаше контролата на резултатот со тоа што норвешките ракометарки успеаја да ја симнат предноста од четири гола и да дојдат на минус еден (26-25). На стартот на последните десет минути Норвешка промаши напад за минус еден со играч повеќе, а потоа и загуби две топки, по што „триколорите“ и поведоа со 29-25 во 53 минута.

Норвежанките се разбудија, па со два гола во низа намалија на 29-27. Една од најмладите ракометарки на Франција, Грандво постигна важен гол за 31-28 и „триколорите“ почнаа да чекорат кон победата.

Грандво и Хорачек со по пет гола беа најефикасни во таборот на новите светски шампионки, по четири погодоци постигнаа Валентини и Канор, на другата страна Офтедал имаше шест погодоци, додека Реистад пет.

Претходно„Наместо Модриќ го земавме Кагава, сето останато е историја“
СледноМурињо го шокираше Санчез: Го стави во игра во 46. минута, па го извади во 63. минута (ВИДЕО)