Интер славеше во Рим, Мартинез испиша историја (ВИДЕО)

299

Интер се зацврсти на врвот на табелата во Серија А, откако вечерва славеше на дерби дуелот против Лацио на гостински терен со 0-2 во рамките на 16 коло.

Избраниците на Симоне Инзаги го искористија неуспехот на Јувентус и со триумфот над Лацио ја зголемија предноста на врвот во италијанскиот шампионат на четири бода пред „Старата дама“.

Гостите поведоа во 40 минута со голот на Мартинез (0-1), резултат со кој заврши првото полувреме. По одморот, Турам во 66 минута се запиша во листата на стрелци за 0-2. Ова беше и конечниот резултат на мечот.

Лаутаро Мартинез влезе во историјата на Интер со тоа што стана првиот играч од 2000 година кој постигнал 29 гола во Серија А во една календарска година.

Овој рекорд го држеа Диего Милито и Кристијан Виери кои постигнаа 28 гола во Серија А во една календарска година. Првиот го направи тоа во 2012 година, кога Интер ја освои тројната круна, а вториот 11 години порано.

Лацио не успеа сериозно да му се закани на противникот, по исклучувањето на Лацари во 86. минута, беше јасно дека Интер ќе забележи нова вредна победа на гостински терен.

Римскиот клуб по денешниот пораз падна на 11. позиција во Серија А со 21 бод.

ПретходноТалески блесна во финалето на Супер-Купот
СледноМодриќ испиша историја, Реал Мадрид „сервираше“ покер (ВИДЕО)