Пари Сен Жермен е прв во Лига 1 и се пласираше во осминафиналето на Лигата на шампионите, но од тимот се бара многу повеќе, изјави тренерот Луис Енрике. Ремито 1-1 против Борусија Дортмунд во средата обезбеди пласман во нокаут фазата од Лигата на шампионите за парижаните и имаат четири бода предност на врвот во француската лига.
“Не се сомневам дека ќе бидеме многу посилни. Сите мои тимови се подобруваат како што одминуваа месеците. Не се сомневам дека во февруари ќе имаме нови играчи, за среќа. Сакаме да имаме нови засилувања. Оптимист сум и тоа е мојата природа. Ние сме лидери во секој елемент – посед, шанси за гол и очекувани голови“.
„Во групната фаза од Лигата на шампионите игравме со ривали со кои лесно можевме да се сретнеме во директните елиминации. Бевме во најтешката група, но јас сум позитивен за нашиот настап, успеавме да се пласираме“, изјави Луис Енрике.