Младите поразени од Романија во мечот за прво место на „Трофеј Карпати“

199

Младинската ракометна репрезентација на Македонија заврши на второто место „Трофејот Карпати“. Денеска во мечот со домаќинот Романија, нашите млади ракометари беа поразени со 36:32.

Мечот беше финале на турнирот, откако во првите две кола и двете селекции остварија по две победи.

Македонија беше подобра во голем дел од првото полувреме, но дозволи Романија во финишот да направи серија од 5.0 и со 14:11 да замине на пауза.

Калајџиески со десет погодоци беше најефикасен во нашата селекција, додека Узунчев постигна 8 гола.

ПретходноФерари прв ги отвори картите: Промоцијата на новиот болид ден пред Денот на вљубените!
СледноХајдук грабна бод на „Максимир“, Адеми испиша историја!