Модриќ испиша историја, Реал Мадрид „сервираше“ покер (ВИДЕО)

3578
Фото: FC Real Madrid/Twitter

Реал Мадрид дојде до убедлива победа против Виљареал на домашен терен, славеше со 4-1 во меч од 17 коло во Ла Лига. „Кралевите“ доминаа на оваа средба која ја отвори Белингем благодарение на магичната асистенција на Лука Модриќ во 25 минута.

Родриго беше стрелец на вториот гол за “кралевите“ во 37 минута. Во второто полувреме, гостите преку Моралес намалија на 2-1, но многу набрзо Дијаз зголеми на 3-1. Конечниот резултат го постави Модриќ во 68 минута.

Со гол и асистенција против Виљареал, Модриќ стана најстариот играч (38 години и 99 дена) кој успеал да го постигне овој подвиг на еден натпревар во сите пет Лиги оваа сезона.

Реал со овој триумф повторно е лидер во лигата со бод повеќе, но и натпревар повеќе од Џирона.

ПретходноИнтер славеше во Рим, Мартинез испиша историја (ВИДЕО)
СледноМбапе го постигна 180. гол во Лига1, но ПСЖ киксираше