Жозе Мурињо се извини за потегот кој го направи во поразот на неговата Рома од Болоња од 2-0. Португалскиот стручњак го внесе во игра Ренато Санчез, а потоа го повлече после 18 минути игра. И самиот Португалец беше изненаден од одлуката на стратегот на Рома.
Сепак „специјалниот“ не остана должен, по мечот јавно му се извини на Санчез.
„Сакам јавно да му се извинам на Ренато Санчез. Да го повлечам од игра по само 18 минути, секако дека му беше тешко, но и мене ми беше тешко што морав да донесам таква одлука. Имам направено вакво нешто 3-4 пати во кариерата, знам дека не е лесно и му се извинувам на Ренато“, рече Мурињо.