И дефинитивно Манчестер Сити е во криза, и тоа во каква криза. Вчера на свој терен водеше со 2:0 против Кристал Палас и сите помислија дека тоа е тоа, дека четата на Пеп Гвардиола конечно ќе забележи победа во Премиерлигата, но, ништо од тоа. Гостите успеаја да постигнат два гола и со тоа да си заминат дома со песна по тие конечни 2:2.
Навистина што се случува со официјалниот европски првак? Со шампионот во ПЛ.
Имено на последните шест средби во Премиерлигата, тимот на Пеп Гвардиола забележал само една победа.
Но да тргнеме со ред.
Еве ги резултатите на Сити на последните шест средби:
Челзи (4:4), Ливерпул (1:1), Тотенхем (3:3), Астон Вила (0:1), Лутон (2:1), Кристал Палас (2:2).
Ако сакате во бодови тоа се само 7 бода од можни 18.
Ова е вистинска катастрофа за Пеп Гвардиола. Ова никогаш не му се случило во неговата тренерска кариера, во Барселона, во Баерн и во Манчестер Сити.
Неверојатно.