Полицијата нема докази: Начевски и Николов се чисти пред лицето на правдата!

9018

Македонската ракометна судиска двојка Ѓорѓи Начевски и Славе Николов e чистa пред лицето на правдата. Австриската полиција потврдила дека нема докази дека нашите судии биле инволвирани во местење на натпревари.

Ова за данската ТВ2 го потврдил шефот на судиската организација на ИХФ, Норвежанецот Пер Мортен Содал. Тој додал дека полицијата не нашла докази против споменатите судиски парови и дека тие веќе не се под истрага. Покрај Николов и Начевски под истрага беа и Хрватите Борис Милошевиќ и Матија Губица.

Ова значи дека овие судии повторно ќе бидат делегирани за настаните во организација на ИХФ како што се СП и Олимписките игри.

Најмалку осум судиски парови од кои дел се и ИХФ и ЕХФ, а дел само ЕХФ судии биле или сѐ уште се дел од истрага што ја води австриската полиција.

Претходно„Лавовите“ го доведоа првото засилување: Бразилецот Да Силва за посилна дефанзива
СледноГолема борба и тесна победа за Лирија во тетовското дерби