Сидорф ќе истепаше противнички играч на ревијален меч

442

Легендите на бразилскиот Сао Пауло и италијанскиот Милан во саботаа играа ревијален меч на стадионот „Мурумби“ во Бразил, а домаќинот славеше со 4:1. Но за време на мечот легендарниот Кларенс Сидорф збесна поради потег на Жосуе.
Поранешниот бразилски фудбалер со лизгачки старт го собори Холанѓанецот кој му се пушти да го тепа. Но другите фудбалери ги смирија страстите и мечот е приведен до крај.
За Милан играа Дида, Костакурта, Панучи, Закардо, Емерсон, Броки, Карбоне, Сержињо, Андре Круз, Сидорф, Рикардо Оливеира…

ПретходноБрињоне триумфираше во супервелеслаломот во Вал д’Изер
СледноДончиќ ги изнасмеа Балканците со својата хит-маичка